Шкендија на 13 јули (четврток) на Арената “Тодор Проески“ во Скопје против Хаверфордвест од Велс, ќе го одигра првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции и тоа со почеток во 20 часот.
Па така од денеска пуштени се во продажба билетите кои за овој меч ќе чинат по 300 денари. Истите може да се купат онлајн преку мрежата „мктикетс“, но во канцеларијата на Шкендија во центарот на Тетово.
Инаку на денот на одигрување на мечот, билети ќе можат да се купат и на билетарите на Арената.