Трагедија: Почина 19-годишен ракометар на РК Аеродром

570

Трагична вест ја потресе македонската ракометна јавност. Почина Андреј Петрески, млад ракометар на РК Аеродром. Според информациите, 19-годишниот Андреј Петрески починал во својот дом.

Петрески уште од најмлада возраст беше член на РК Аеродром, играше на позицијата лево крило, а се наоѓаше и на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на Светското првенство.

Последниот поздрав со Андреј Петрески е денеска во 12:30 часот во капелата на гробиштата во Бутел, погребот ќе биде на гробиштата во Камник.

Претходно„Ла Република“: Милинковиќ-Савиќ му кажа „ДА“ на Ал Хилал
СледноСветска лига на нации: Познати четвртфиналистите, Полска оди на Бразил