Алкараз го исфрли Беретини и ќе игра против Руне во 1/4 финалето на Вимблдон

300

Холгер Руне и Карлос Алкараз се последните два патника во четвртфиналето на Вимблдон. Данецот со 3:1 во сетови го елиминираше Григор Димитров. Бугаринот го доби првиот сет, а следните две ги загуби во тај-брејкот. Во четвртиот Руне доминираше и убедливо го доби и на крајот победи.
А Алкараз го елиминира Италијанецот Матео Беретини со 3:1 во сетови. Беретини поведе со 1:0, а Алкараз го сврте резултатот на 3:1 (6:3 и 6:3). Последниот исто така го доби со 6:3 и со тоа и мечот.
Во четвртфиналето силите ќе ги одмерат Руне и Алкараз. Другите четвртфинални двојки се Јубенкс-Медведев, Синер-Сафулин, Рублев-Ѓоковиќ.

ПретходноНаполи во Франција најде нов напаѓач – ќе го купи за 60 мил.евра
СледноГостивар се пофали со Василев и Билали