Барселона се откажа од опцијата да го врати поранешниот свој напаѓач Нејмар. Фудбалерот на ПСЖ беше една од опциите за Лапорта како засилување за следната сезона, но по консултациите на сите нивоа во клубот е донесено решение да се откажат од можното доведување на Бразилецот.
„Мундо Депортиво“ пишува дека на клубот му било понудено да го ангажира 31-годишен играч, но раководството на Каталонците стравува дека доаѓањето на Бразилецот ќе направи големи проблеми во соблекувалната. Покрај тоа, клубот смета дека ваквата зделка е економски неоправдана.