Бејл: Знам шпански, но не сакав да го зборувам…

482

Герет Бејл неодамна се пензионираше по турбулентниот дел од кариерата во Реал Мадрид и краткиот престој во ЛА Галакси. Крилниот напаѓач кој остави длабока трага во мадридскиот гигант таму ќе остане запаметен и како легенда и како играч од кој навивачите очекуваа повеќе.

Бејл одигра 258 натпревари за Реал, постигна 106 и асистираше на 67 голови. Прослави голови во финалето на Лигата на шампионите, освои пет трофеи во тоа натпреварување, трикратен беше шампион на Шпанија и со Реал освои вкупно 15 титули.

Но, поради последните сезони, во кои повеќе размислуваше за голфот, репрезентацијата на Велс и парите кои ги заработуваше седејќи на клупата на Реал, дел од навивачи му го свртеа грбот. Беше критикуван и што не научи шпански од 2013 до 2022 година, кога беше под договор со Реал.

“Сакав да играм за Реал и доживеав неколку неверојатни моменти со него. Но имаше и тешки моменти, во кој се чувствуваш осамено затоа што сите те напаѓаат и те исвиркуваат. Кога ќе потпишеш за Реал, од тебе се очекува да бидеш секаде и да правиш сè. Јас не сум таков. Само сакав да играм фудбал и потоа да исчезнам назад во темнината“, рече тој и додаде:

„Можев да зборувам шпански, но не сакав. Сакав да си ги чувам работите за себе и да не се карам. Можеби затоа ме нападнаа, бидејќи не открив многу. Не сакаа да ме сфатат“. 

ПретходноЦиципас елиминиран, Медведев преку Лехечка во четвртфиналето!
СледноОва е идеалниот тим на Реал за новата сезона: Модриќ, Крос и Валверде на клупа, се чека на Мбапе! (ФОТО)