Младиот македонски голман Васко Василев е нов фудбалер на Гостивар. Тој доаѓа во новиот македонски прволигаш доаѓа од Португалија, поточно од тимот на Рио Аве, а претходно играше за младинските тимови на Црвена Звезда, Рад, Графичар и Вардар.
Нов играч на Гостивар е и албанскиот бек Амир Билали кој дојде како слободен фудбалер откако му завршија обврските со Сутјеска од Никшиќ. Билали претходно играл во Казахстан, Унгарија, Романија како и во Шкупи и Работнички.