Во најдобриот и најбогатиот клуб на Балканот, се разбира дека тука мислиме на Динамо Загреб, се случува нешто што со години го немало. Сензационално, но според Индекс.хр, почнале да доцнат платите.
Иако нема никаква драма околу тоа, сепак не е сеедно ако се знае барем овој клуб и тоа како е финансиски ситуиран. И тоа поради сите оние милионски трансфери. Да потсетиме дека по заминувањето на Аријан Адеми во Кина, во тимот на Динамо настапува капитенот на нашата репрезентација Стефан Ристовски.
Инаку, како што објаснуваат хрватските колеги, сепак не се доцнело со месечната плата туку со исплата од ратата од договорот.
Накусо, ако еден играч треба да се земе 600.000 евра годишно, него му се исплаќаат месечно по 25.000 евра и на четири годишни рати по 75.000 рата.
Па така се доцнело со втората рата од парите кои требало да се исплатат до 30 јуни.
Веднаш откако излегоа овие информации, се огласи и раководството на Динамо Загреб. Во нивното соопштение се вели дека тие гласини биле измислица и дека на играчите ништо не им се должи.