Паоло Малдини го напушти позицијата спортски директор во Милан после долгогодишна служба во клубот. Само неколку недели подоцна и еден од неговите синови Даниел Малдини го напушта Милан и ќе игра за друг клуб. За него нема место во сениорскиот тим на „росонерите“ па ќе се надоградува на друго место.
21-годишниот фудбалер кој дебитираше во првиот тим на Милан во 2020 година, одлучи во новата сезона да игра за Емполи. Ова негов трет клуб, затоа што минатата сезона играше како позајмен за Специја.
Во новата сезона повторно ќе игра како позајмен.
Другиот син на Паоло, Кристијан Малдини сега игра за Леко во Третата лига.