Најдобриот во историјата избори пласман во 1/4 финалето на Вимблдон и со тоа Новак Ѓоковиќ, “Кралот“ на тенисот го продолжува својот поход кон осмата титула на најпрестижниот гренслем во светот на тенисот.
Србинот со 3:1 во сетови го победи одличниот Хуберт Хуркач од Полска, кој и тоа како му правеше проблеми.
Но сепак на крајот Новак го “скрши“ Хуркач за голема победа и за пласман во следната рунда.
Ова беше четврти меч за Новак на овој турнир и на овој за првпат загуби сет.
Инаку овој меч започна синоќа, но беше прекинат поради “полициски час“, познато е старото правило на Вимблдон, и тоа при водство на Новак од 2:0 во сетови. И двата ги доби во тајбрејкот, а продолжението беше одиграно денеска.
А во него Хуркач го доби третиот сет со 7:5 во гемови, но Новак четвртиот го доби со 6:4 во гемови, за конечни 3:1.
Ова беше 32 победа на Вимблдон во серија за Ѓоковиќ.