Пуштени во продажба билетите: Гледајте ја Шкендија за 300 денари!

392

Шкендија на 13 јули (четврток) на Арената “Тодор Проески“ во Скопје против Хаверфордвест од Велс, ќе го одигра првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции и тоа со почеток во 20 часот.

Па така од денеска пуштени се во продажба билетите кои за овој меч ќе чинат по 300 денари. Истите може да се купат онлајн преку мрежата „мктикетс“, но во канцеларијата на Шкендија во центарот на Тетово.

Инаку на денот на одигрување на мечот, билети ќе можат да се купат и на билетарите на Арената.

Претходно“Кралот“ победува и кога не блеска: Новак преку Хуркач до 1/4 финалето на “Вимблдон“!
СледноЦиципас елиминиран, Медведев преку Лехечка во четвртфиналето!