Како што и беше за очекување, попладнево од 17 часот, фудбалерите на нашиот шампион, тимот на Струга ТЛ, го одработија тренингот на “ЛФФ“ стадионот во Виљнус, каде утре од 18 часот че се игра мечот со Жалгирис во рамките на 1.квалификациско коло во ЛШ.
Се разбира дека овој тренинг беше искористен само да се “осети“ теренот, тактиката е подготвена уште во Струга.
Условите се солидни, насмевките се тука, останува утре само да се даде максимумот.