Македонскиот ракомет е завиен во црно. По тажната вест за прерано згаснатиот живот на 19-годишен ракометар на РК Аеродром, Андреј Петрески, уште трагедија го потресе македонскиот спорт.
На 50-годишна возраст почина, Горан Станковиќ. Станува збор за поранешен ракометар и ракометен работник. Тој долги години беше дел од раководството на Јуниор Кисела Вода, а љубителите на ракометот го препознаваа по неговиот глас, беше најавувач на натпреварите на Металург во Автокоманда и во СЦ „Борис Трајковски“.