Во пресрет на утрешниот прв меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу шампионите на Литванија и Македонија, Жалгирис и Струга ТЛ, на денешниот прес свое видување за тоа што очекува имаше стратегот на нашиот првак, Шпетим Дуро.
Тој во Вилнус истакна:
„Со нетрпение ја очекуваме оваа средба. Ова е историски момент за Струга ТЛ, Ние сме горди што утре ќе играме во квалификациите во Лигата на Шампионите. Ние сме клуб кој е формиран пред 8 години и ова е големо достигнување за нас во Струга ТЛ, за градот“ посочи Дуро.
За тоа кој е фаворит на утрешниот меч, стратегот на Струга посочи:
“Реално Жалгирис е фаворит на хартија, и тоа поради искуството на играње на вакви мечеви во квалификациите во Лигата на Шампионите и воопшто на европските натпревари. Сепак и ние сме, тимот на Струга Трим Лум, добар тим со искусни играчи. Секако дека и ние си имаме свој квалитет и свои можности. Се знае дека не секогаш во фудбалот не победува фаворитот. Треба да се одиграат два натпревари и јасно е дека ние имаме свои шанси за пласман понатаму“ посочи Дуро и дополни…
„Теренот со вештачка трева му дава одредена предноста на домашниот состав, но и ние трениравме во текот на изминатите денови на сличен терен. Како и да се заврши утрешниот меч нема ништо да реши, утре не завршува овој двомеч. Да кажам дека не сакавме ништо да менуваме во однос на барањето на Жалгирис, како што се падна на ждрепката така сакавме да играме, тоа го почитуваме“ заклучи Дуро.