Џордан Хендерсон ги шокираше навивачите на Ливерпул

3720

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон би можел да го напушти Ливерпул во овој преоден рок.

Иако немаше најава, сепак „црвените“ би можеле да останат без својот капитен пред следната сезона, тврди „Екип“. Тој според неофицијални извори преговара со Ал Итифак, кој пред неколку дена го ангажира Стивен Џерард.

Ова ќе биде голем удар за Јирген Клоп, бидејќи се знае колку Џордан Хендерсон е важен за играта на тимот, но и за соблекувалната. Заминувањето на друг човек кој ја држи соблекувалната заедно, по Џејмс Милнер, може да разниша некои односи во тимот.

Меѓутоа, ако го погледнеме преодниот рок што го прави Ливерпул, не е дека нема логика Хендерсон всушност да си замине. Дојдоа Алексис Мекалистер и Доминик Собослај кои беа проектирани како стартери.

Со текот на годините Хендерсон стануваше се поважен во системот на Јирген Клоп и до ден денеска ги освои сите можни трофеи со овој клуб.

ПретходноКалин Ивановски избори пласман на главниот турнир во Романија
СледноРаботнички во Словенија ќе се “тестира“ со Трабзон на Барди, со Аждод…