Барселона се откажа од Нејмар за да не им прави проблеми во соблекувалната

189

Барселона се откажа од опцијата да го врати поранешниот свој напаѓач Нејмар. Фудбалерот на ПСЖ беше една од опциите за Лапорта како засилување за следната сезона, но по консултациите на сите нивоа во клубот е донесено решение да се откажат од можното доведување на Бразилецот.

„Мундо Депортиво“ пишува дека на клубот му било понудено да го ангажира 31-годишен играч, но раководството на Каталонците стравува дека доаѓањето на Бразилецот ќе направи големи проблеми во соблекувалната. Покрај тоа, клубот смета дека ваквата зделка е економски неоправдана.

Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година.
ПретходноЛукаку од Интер го делат „само“ 10 милиони евра
СледноЦрн ден во ракометот: На 50-годишна возраст почина Горан Станковиќ