Вембањама покажа зошто е прв пик: 27 поени на вториот меч во летната НБА лига

430

Новата НБА ѕвезда во најава, кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама значително го подобри впечатокот што го остави по првиот меч во дресот на Спарс. На дуелот од летната лига со Портланд кој неговиот тим го загуби со 85:80, Французинот значително ги подобри бројките во својата статистика.

Вембањама мечот го заврши како најефикасен кај „мамузите“ со 27 поени (9/14) и 12 скока. Покрај тоа, тој имаше и украдена топка, три блокади и три загубени топки, а сето тоа не беше доволно за победа против Трејл Блејзерс, предводени од Мајкл Дево кој постигна 29 поени.

„Би сакал да победевме. Мислам дека можев да направам и повеќе. Треба да продолжиме да учиме. Што се однесува до мене лично, мислам дека е нормално кога се напредува со секоја нова средба. Пред неколку дена го одиграв само првиот натпревар овде“, изјави Вембањама.

ПретходноАмериканците на пенали изборија полуфинале во Голд Купот (ВИДЕО)
СледноЛеонардо: За доброто на ПСЖ веднаш продадете го Мбапе, тој не е никаков лидер!