Во ФК Пелистер влегува странска компанија?!

2722

Како што денеска информира градоначалникот на Битола Тони Коњановски, во ФК Пелистер наскоро би можела да влезе странска компанија со цел клубот да биде на уште поздрави нозе.

Се разбира дека ова е добра вест за фанови на еден од нашите најголеми клубови кој и во следната сезона ќе игра во Втората лига.

Изјавата на Коњановски ја пренесуваме во целост:

ФК Пелистер кој за жал сеуште е во втората лига, но организациски е многу подобро поставен од претходно, со голем потенцијал да се врати онаму каде што припаѓа. Исто така, во однос на ФК Пелистер би сакал да ја информирам јавноста дека е добиено писмо за намери за потенцијално косопствеништво на клубот со приватен партнер од странство и остварен е прв иницијален состанок, на кој што заклучено е дека, разговорите ќе продолжат во текот на оваа фудбалска сезона, но конкретни делувања во однос на преземање на фудбалскиот клуб, би започнале во април 2024 година, кога ќе биде завршена транзиционата фаза од санирање на долговите на фудбалскиот клуб. Секако дека, после тоа ќе биде водена целосно транспарентна постапка, заедно со активна вклученост на Советот и на граѓаните на општина Битола, со цел, по четврти или петти пат, доколку се воспостави соработка со приватен партнер, овојпат, за разлика од минатото, таа соработка да биде на поцврсти темели и на среден и на долг рок, бидејќи, бевме сведоци на многу неуспешни обиди, кои резултирале само со генерирање на долгови, лошо планирање и лошо работење без ефективност и без резултати“

ПретходноЧелзи го промовираше дресот за новата сезона (ФОТО)
Следно“Кралот“ победува и кога не блеска: Новак преку Хуркач до 1/4 финалето на “Вимблдон“!