И Даниел Малдини го напушти Милан – ќе игра за Емполи

350

Паоло Малдини го напушти позицијата спортски директор во Милан после долгогодишна служба во клубот. Само неколку недели подоцна и еден од неговите синови Даниел Малдини го напушта Милан и ќе игра за друг клуб. За него нема место во сениорскиот тим на „росонерите“ па ќе се надоградува на друго место.
21-годишниот фудбалер кој дебитираше во првиот тим на Милан во 2020 година, одлучи во новата сезона да игра за Емполи. Ова негов трет клуб, затоа што минатата сезона играше како позајмен за Специја.
Во новата сезона повторно ќе игра како позајмен.
Другиот син на Паоло, Кристијан Малдини сега игра за Леко во Третата лига.

ПретходноГостивар се пофали со Василев и Билали
СледноЕшли Јанг по Астон Вила ќе игра за Евертон