Лукаку од Интер го делат „само“ 10 милиони евра

327

Интер прави се за да го врати Лукаку во Милано, и покрај одбиената прва понуда од страна на Челзи и се позачестените гласини за влез на Јувентус во битката за потписот на белгискиот голгетер. Според „Газета дело Спорт“, Интер и натаму е фаворит за потписот на Лукаку, но се уште голем проблем е разликата во сумата која „нероаѕурите“ ја понудија за Белгиецот и онаа која ја бара Челзи.

Според весникот во моментов меѓу понудата на Интер и цената која за Лукаку ја бара Челзи има разлика од 10 милиони евра. Тоа е голема сума, која засега е голема пречка за реализација на трансферот. Весникот исто така пишува дека Лукаку сам најавил дека ако треба ќе ја намали платата, само Интер да го задржи во тимот и следната сезона.

ПретходноСветска лига на нации: Познати четвртфиналистите, Полска оди на Бразил
СледноБарселона се откажа од Нејмар за да не им прави проблеми во соблекувалната