Кога играш во Премиерлигата мораш и тоа како бидеш ТОП подготвен за маратонот кој трае 38 натпревари, каде треба да се даде максимум на сите мечеви, нема лабаво.
А да бидеш добро подготвен тогаш треба на подготовките да одработиш максимално, но немои вежби, како онаа „1к тест“, е навистна пеколно тешка.
Треба да се трча 1000 метри напред назад, и тоа што побргу. Дека е тешко се гледа од видеото на еден тренинг на Брентфорд на кој играчите попаѓаа и едвај чекаа да заврши тренингот.
И после некој ќе каже дека е лесно да бидеш фудбалер.
Watching the 1k test is a lot better than doing the 1k test pic.twitter.com/WCGs1VguAE
— Brentford FC (@BrentfordFC) July 6, 2023