Од 16 до 28 јули, фудбалерите на Работнички заедно со стручниот штаб ќе се подготвуваат во Словенија, во старата и позната база на “романтичарите“, Терме Чатеж. Таму ќе одиграат најмалку четири пријателски средби а во преден план ќе биде дуелот со Трабзонспор на нашиот репрезентативец Енис Барди, потоа со Аждод од Иразел и уште со две екипи.
Турскиот гигант и Работнички повторно ќе гио одмерат силите по цели осум години кога тогаш во летото 2015 година клубот од Градски парк направи чудесна сензација. Успеа да го елиминира во 3.квалификациско коло во ЛЕ токму Трабзон.
Интересно, сегашниот асистент во стручниот штаб Баже Илијоски на првиот меч го постигна голот за победа од 1:0, а на реваншот сегашниот стратег Милан Илиевски асистираше до Кире Маркоски за 1:1 во продолжението и за пласман во плеј – офот.