Ракометарките ќе играат против Норвешка и Србија за повисок пласман на ЕП

155

Македонската женска ракометна репрезентација ги доби имињата на противниците за следната фаза на Европското младински првенство кое се одржува во Романија. Избраничките на Јулијана Дамчевска во следната фаза ќе играат во новофоримираната група со Норвешка и Србија, секако и Чешка.

Нашите девојки стартуваат без бодови исто како и Србија. Двете најдобропласирани од оваа група ќе разигруваат за пласман од 9-12 место, додека останатите за пласман од 13-16 место.

Прв противник на Македонија е селекцијата на Норвешка, мечот е закажан со почеток во 12 часот.

ПретходноРаботнички во Словенија ќе се “тестира“ со Трабзон на Барди, со Аждод…
СледноКис ја запре руската сензација за место во четвртфиналето (ВИДЕО)