Трагична вест ја потресе македонската ракометна јавност. Почина Андреј Петрески, млад ракометар на РК Аеродром. Според информациите, 19-годишниот Андреј Петрески починал во својот дом.
Петрески уште од најмлада возраст беше член на РК Аеродром, играше на позицијата лево крило, а се наоѓаше и на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија пред настапот на Светското првенство.
Последниот поздрав со Андреј Петрески е денеска во 12:30 часот во капелата на гробиштата во Бутел, погребот ќе биде на гробиштата во Камник.