И официјално, по речиси 6,5 години престој во АЕЛ Лимасол, македонскиот репрезентативец Давор Здравковски во новата сезона ќе настапува во дресот на Кифисија, грчки прволигаш.
Македонецот остави длабока трага на Кипар за сите овие години, па така неговото збогување со АЕЛ Лимасол беше доста емотивно…
Тој покрај другото напиша…
„Беше привилегија да се носи дресот на овој голем клуб. Ова беа шест и пол прекрасни години. За мојот престој тука имав привилегија да работам со извонредна група на луѓе, од сите тренерим раководство, лекарски тим, соиграчите со кои доживеавме прекрасни моменти на теренот, но и надвор од него. Засекогаш ќе бидете во моето срце. На крај посебно благодарам до навивачите, ме пречекавте со раширени раце од првиот ден и секогаш ме подржувавте. Дојде време за нов предизвик.
Еднаш Лав. Засекогаш Лав“…