Мудра, квалитетна Струга ТЛ, на повидок мега – спектакл со Галатасарај!

602

Иако испратена со не толкав оптимизам во Вилнус, знаејќи за каков силен тим станува збор, мислиме на Жалгирис, сепак Струга ТЛ и тоа како позитивно изненади.

И не само поради тие 0:0 на “ЛФФ“ стадионот поладнево во Вилнус, туку и поради самата изведба.

Мудра, паметна Струга ТЛ видовме, имаше и два зицера за победа, но реално и Литванците можеа да победат.

Оваа Струга ТЛ покажа дека има сила, има верба во себе, знае како да дојде до добар резултат, па макар и играла против еден Жалгирис. Покажа дека и не знае да загуби на Балтикот, ако се знае дека пред две години во Летонија кај Лиепаја во квалификацвиите во ЛК одигра 1:1.

Сега се ќе решава во Охрид на СРЦ “Билјанини Извори“ во вторник попладне. На Струга ТЛ и треба било каква победа, може и нерешено за да после пенали дојде до следната фаза во ЛШ.

А таму ја чека мега – спектакл со Галатасарај.

Само треба мирно, паметно и мудро да се одигра и во реваншот.

Да, Жалгирис е силен тим, но сега македонскиот шампион се прашува.

ПретходноТиквеш го победи Детонит во пријателски меч!
СледноФантастичен пресврт: Ивановски се врати од загубен меч и победи за место во осминафинале