Саудијците ја зголемија понудата: 150 милиони евра за Погба од Ал Ахли!

298

Саудискиот клуб Ал Ахли и натаму инсистира да го добие потписот на Пол Погба. Иако по вчерашната информација дека првата нивна понуда од 100 милиони евра за тригодишен договор, Погба ја одбил, денеска доаѓа информација дека новата понуда е зголемена за уште 50%.

Сега, според „Газета дело Спорт“, Ал Ахли понудил плата за играчот на Јувентус во висина од 150 милиони евра за период од 3 години.

Првично беше објавено дека Ал Итихад е заинтересиран за потписот на Погба, но подоцна беше објавено дека Ал Ахли всушност е тимот кој испраќа понуди до Погба.

ПретходноПолувреме: Шабани имаше зицер, Ќосевски спаси чист гол…Жалгирис – Струга ТЛ 0:0
СледноПелистер со ново засилување, пристигна младиот Пановски