Црвена Звезда наскоро ќе го објави третото засилување за новата сезона, а тоа ќе биде миленикот на навивачите Милош Теодосиќ. Преговорите меѓу „црвено-белите“ и искусниот кошаркар траеја подолго, меѓутоа српските медиуми јавуваат дека се е завршено и дека наскоро клубот ќе ја објави соработката.
Милош никогаш до сега не го носел дресот на Звезда, но никогаш не криел дека навива за овој клуб и голема желба му е еден ден да заигра таму. Поради тоа стана миленик на навивачите, а сега ќе има можност да игра за „црвено-белите“.
Инаку 36-годишниот плејмејкер во кариерата играл за ФМП, Борац од Чачак, Олимпијакос, ЦСКА, Лос Анџелес Клиперс и Виртус Болоња.