Волкановски: Моето презиме е Македонско и татко ми е Македонец, а мајка ми е од Грција (ВИДЕО)

8630

УФЦ шампионот, Александар Волкановски на најдобар можен начин преку социјалните мрежи го откри неговото потекло, поточно потеклото на неговите родители. Ова прашање, намерно или ненамерно го покрена екс шампионот, Конор Мекгрегор, кој јавно праша дали Волкановски има полско потекло.

„Татко ми е Македонец, и моето презиме Волкановски е Македонско. Мајка ми е со потекло од Грција“ – рече Волкановски

Таткото на Волкановски потекнува од битолското село Беранци. Тој е одамна преселен во Австралија, и таму Волкановски ја изгради својата успешна кариера.

ПретходноФилип Стојчевски се пресели од Кратово во Штип
СледноЛотито: Одбив 140 милиони од Милан за СМС и не се каам