Германски младински репрезентативец е петтото засилување на Интер ова лето. По ангажманите на Маркус Турам, потоа Франческо Ачерби, Кристијан Аслани и Давиде Фратеси, нов фудбалер на „нероаѕурите“ е Јан Аурел Бисек.
Се работи за централен бек кој има 22 години и е висок 1,96 метри, а доаѓа од редовите на Архус. Интер ќе плати 7 милиони евра за играчот кој ќе стави потпис на договор до 2028 година.
Бисек е дете на Келн, а во кариерата играл уште за Кил, Рода, Виторија Гимараеш, а од 2021 година е во Архус. Тој има настапи за младинските германски репрезентации (У17, У18 и У21).
Yann Aurel Bisseck ya está en Milán para firmar con el #Inter. Defensa central alemán de 22 años (mide 1,96m) procedente del Aarhus por 7M€. Firmará hasta junio de 2028.
— Mario Gago Huerta (@gago_mario) July 10, 2023