Гостивар се засили со играч за врска од Нигерија

174

Интернационалецот од Нигерија, Ибрахим Алхасан Адаму, е нов играч на екипата на Гостивар.

Новиот прволигаш се наоѓа на подготовки во Турција, поточно во местото Болу, каде што ќе го одработи централниот дел од планот за летово.

Адаму пристигна во базата во Турција, а се работи за офанзивец играч за врска. Тој и досега има настапувано токму во оваа земја, а бил дел од тимот на Алтај. Има и репрезентативно искуство во Нигерија, играјќи за У20 репрезентацијата. Во моментов има 22. години.

 

ПретходноЕП У-19: Македонија водеше на полувреме, но на крај сепак пораз од Норвешка!
СледноШкупи преку Хегелман гледа кон Левски