Де Лаурентис ја одреди цената на Осимен: Само ПСЖ може да си го дозволи

226

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис постави цена на својот напаѓач Виктор Осимен. Тој вели дека само Пари Сен Жермен може да си дозволи да го купи одличниот фудбалер кој „експлодираше“ минатата сезона во Серија А во дресот на новиот италијански шампион.
Само еден клуб може да си дозволи да го купи ПСЖ. Ако Ал Келаифи сака да извади 200 милиони и повеќе, тогаш ќе седнеме да разговараме“, изјави Де Лаурентис.
Засега ниту еден клуб не е спремен да даде преку 100 милиони евра за Осимен, а не пак да оди преку 200 милиони. Со тоа Де Лаурентис потврди дека Осимен ќе остане во редовите на Наполи и наредната сезона.
ПСЖ ќе мора на друго место да бара замена за Мбапе со кого има проблеми и најверојатно ќе се раздели со него за мир во своите редови.

ПретходноБуњамин Шабани – Струга ТЛ: Жалгирис е добар тим, сепак ние имаме квалитет да дојдеме до добар резултат!
СледноПАОК потпиша со фудбалер на Челзи