Лотито: Одбив 140 милиони од Милан за СМС и не се каам

1852

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, даде уште една интересна изјава за ѕвездата на тимот Сергеј Милинковиќ кој е пред трансфер на Блискиот Исток. Лотито овојпат објави дека пред пет години одбил вртоглава понуда од Милан за српскиот интернационалец во вкупна вредност од 140 милиони еврa.

„Вистина е дека во 2018 година решив да ја одбијам понудата на Милан од 140 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ. Тоа беше 60 милиони евра плус дополнителни 80 милиони евра преку пет рати во случај на квалификации во Лигата на шампионите. Денеска не жалам за овој мој избор“, сподели Лотито за „Ил Мессајеро“.

Како што е познато, сега играчот од средниот ред е пред трансфер во Ал-Хилал, а за него „Oрлите“ ќе добијат 40 милиони евра. Иако претседателот на клубот во својата претходна изјава не ја дефинираше оваа сума како поволна за Лацио, имајќи предвид дека договорот на 28-годишниот фудбалер истекува следното лето. Токму оваа тема ја допре Лотито во своето интервју. 

“Не сакав да го продадам и му понудив нов договор со годишна плата од шест милиони евра. Сепак, Сергеј ја реши својата иднина. Понудата на Ал-Хилал е за помалку од 50 милиони евра. Да ја чекав вистинската понуда, никогаш немаше да го продадам.Сепак, си ги одржувам ветувањата, му дадов збор на момчето дека ќе ја прифатам и најниската понуда за него.Сепак, доколку наскоро не биде потпишан нашиот договор со Ал-Хилал и ние не ги добиеме парите, тој ќе дојде во нашиот тренинг камп. Плати и потоа ќе ја видиш камилата“, додаде тој. 

 

ПретходноВолкановски: Моето презиме е Македонско и татко ми е Македонец, а мајка ми е од Грција (ВИДЕО)
СледноПознати се стартните состави: Струга ТЛ со најдобрите единаесет на дуел со Жалгирис!