ЛШ – квалификации: Косовскиот Балкани ги шокираше Бугарите!

4648

Денеска и вечерва се одиграа десет мечеви од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

И веднаш сензација, и тоа каква сензација на Косово. Имено шампионот на таа земја со 2:0 успеа да слави над големиот фаворит Лудогорец. Стрелци на головите беа Кореница и Зиба.

Натпреварот на Малта, меѓу Хамнрун и Макаби, откако дојде до општа тепачка на навивачите на двете екипи и беше прекинат, продолжи за конечна победа на Израелците од 0:4.

Да потсетиме дека нашиот шампион, тимот на Струга ТЛ на првиот дуел од двомечот со Жалгирис, успеа во Вилнус да дојде до одлични 0:0.

РЕЗУЛТАТИ – 1.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Урарту (ЕРМ) – Зрински (БИХ) 0:1

Линколн (ГИБ) – Карабах (АЗЕ) 1:2

ЖАЛГИРИС (ЛИТ) – СТРУГА ТЛ (МКД) 0:0

Хамрун (МЛТ) – Макаби Хаифа (ИЗР) 0:4

Олимпија (СЛО) – Валмиера (ЛЕТ) 2:1

Раков (ПОЛ) – Флора (ЕСТ) 1:0

Балкани (КОС) – Лудогорец (БУГ) 2:0

Клаксвик (Ф. ОСТ) – Ференцварош (УНГ) 0:0

Партизани (АЛБ) – Бате (БЛР) 1:1

Шамрок (Р. ИРС) -Бреидаблик (ИСЛ) 0:1

*Реваншите се играат следната недела

ПретходноРики Рубио потпиша за Барселона, но доаѓа следното лето
СледноЕмотивно збогување на Давор Здравковски со АЕЛ Лимасол!