Македонија со два пара ќе настапи на БП во одбојка на песок во Штип

323

Од петок до недела, Штип и Македонија ќе бидат домаќини на Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години. Еден од централните летни одбојкарски настаниќе се одржи на градскиот плоштад во Штип каде најдобрите бич-волеј двојки од Балканот ќе се борат за балканската титула.

Македонија досега потврди учество со по еден натпреварувачки пар во машка и во женска конкуренција. Во конкуренција на мажи, на ова Балканско првенство боите на Македонија ќе ги бранат Давид Киров и Кирил Главев и обајцата одбојкари на локалниот состав, Штип УГД.

И кај девојките засега имаме официјална пријава само од една натпреварувачка двојка. Тоа ќе бидат Мила Долдурова и Добрина ХаџиТосева кои се активни одбојакрки на прволигашот Наковски Волеј.

Останува до почетокот на првенството да бидат познати комплетите парови и да се утврди распоредот на натпреварите.

ПретходноГроздановски е новото големо засилување за Работнички
СледноПолувреме: Шабани имаше зицер, Ќосевски спаси чист гол…Жалгирис – Струга ТЛ 0:0