Навивачи ја искршија оградата и влегоа на терен да се пресметаат со играчите (видео)

393

Навивачите на парагвајскиот клуб Серо Портењо збеснаа поради лошите резултати на клубот до таа мера што на мечот од 1. коло од новиот шампионат Клаусура ја пробија заштитната мрежа и предизвикаа хаос на теренот.
Серо Портењо загуби со 1:3 од Гуаирења на домашен терен продлабочувајќи ја кризата во клубот, а навивачите влегоа на теренот за да им одржат „лекција“ на фудбалерите. З среќа овој инцидент немаше посериозни последици кон здравјето на играчите, тренерите, а и навивачите.
По мечот раководството на клубот го отпушти тренерот Факундо Сава, а им се закани на некои фудбалери дека ќе бидат ставени на трансфер списокот.
Серо Портењо кој е еден од најуспешните парагвајски клубови со 34 титули, има само една победа на последните 10 натпревари, а заврши последен во групата на Копа Либертадорес.

Претходно„Пред три години сакав да се откажам од фудбалот, а сега сум во Бенфика!“
СледноТеодосиќ конечно ќе заигра за Црвена Звезда