Заврши првото полувреме од првиот меч во 1.квалификациско коло во ЛШ меѓу Жалгирис и Струга ТЛ. Резултатот е 0:0, квалитетно издание на нашиот шампион во овој дел. Штета, во 36.минута Шабани имаше зицер, излезе сам пред домашниот голман, но Гертмонас одбрани за воздишки на стружани.
Сепак во 15.минута и домашниот состав имаше можност за гол, кога Хнид шутираше со глава, но Ќосевски со фантастична парада спаси сигурен гол.
Во финишот на средбата Жалгирис преку Ојевуси и Кендиш се закани, но нашиот голман и овојпат беше одличен.