Барселона го финализирала договорот со Рики Рубио кој ќе се врати во Шпанија во 2024 година, по што ќе им се приклучи на Каталонците.
32-годишниот плеј има уште две години од договорот со Кливленд Кавалирс, но сепак, тој неодамна изрази желба да се врати во Барселона.
„Почнувам да размислувам за моето враќање. Одам дома. Во Барселона. Блиску до дома“, рече Рубио во интервјуто во мај.
Рубио последните 12 години од кариерата ги помина во НБА. Минатата сезона тој имаше просек од 5,2 поени, 2,1 скока и 3,5 асистенции за Кавси.