Сензација на Вимблдон: Свитолина ја запре првата светска тенисерка

236

Украинската тенисерка Елина Свитолина направи големо изненадување во четвртфиналето на Вимблдон. Таа денеска со победа од 2:1 во сетови (7:5, 6:7 (5:7), 6:2) успеа да ја елиминира првата светска тенисерка, Полјачката Ига Швјонтек.

Моментално 76-тата светска тенисерка одигра одличен меч и успеа да дојде до една од највредните победи во кариерата, обезбедувајќи место во полуфиналето на третиот Грен Слем.

Денеска мало изненадување во првото четвртфинале приреди и 42. Светската тенисерка Вондрусова, која во три сета ја победи четвртата носителка на Вимблдон, Пегула (САД) со 6:4, 2:6, 6:4.

ПретходноМЃП се „дотера“ за дуелот против РФС
СледноГроздановски е новото големо засилување за Работнички