Фантастичен пресврт: Ивановски се врати од загубен меч и победи за место во осминафинале

244

Извонреден настап на нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски и пласман во осминафиналето на силниот Челинџер во романскиот град Јаши. Во мечот од 1. коло, Ивановски со голем пресврт стигна до победа над домашниот тенисер Јонел, кој успеа лесно да го добие првиот сет, но во вториот испушти голема шанса за триумф, која Ивановски ја претвори во голема психолошка предност за себе и на крајот дојде до голема победа.

Јонел го освои првиот сет со 6:4, а во вториот влезе со предност од 5:3 во гејмови, но тоа не го исплаши Ивановски, кој се врати со серија за 5:5, а потоа сетот отиде во тај-брејк, кој по голема борба му припадна на Ивановски со 7:4.

Во третиот одлучувачки сет, нашиот најдобар тенисер влезе со голема самодоверба и со 6:2 успеа да дојде до пласман во осминафиналето.

ПретходноМудра, квалитетна Струга ТЛ, на повидок мега – спектакл со Галатасарај!
СледноНе знае за доста: Новак го „скрши“ Рубљов за пласман во полуфиналето на Вимблдон!