Шампионот ги плати ТВ правата: Гледајте го на МРТВ дуелот меѓу Жалгирис и Струга ТЛ!

5053

Прекрасна вест од Вилнус. Имено само поради добрата волја на раководството на Струга ТЛ, нашите фудбалски фанови ќе можат да го проследат директно на МРТВ дуелот меѓу нашиот шампион и Жалгирис кој се игра доцна попладне од 18 часот.

Имено Струга ТЛ на литванскиот шампион им ги плати ТВ правата со цел нашиот државен сервис (МРТВ) да може да го пренесува овој историски меч за стружани.

Да потсетиме дека ова е првиот натпревар од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, се игра вечерва на “ЛФФ“ стадионот во Вилнус од 18 часот а реваншот е закажан за следниот вторник на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид.

ПретходноЕХФ Европски Куп: ГРК Тиквеш во второ коло
СледноМилевски чека отказ, Милојевиќ прв пик, а Седлоски го прави тимот!