Германски репрезентативец го засилува Интер

403

Германски младински репрезентативец е петтото засилување на Интер ова лето. По ангажманите на Маркус Турам, потоа Франческо Ачерби, Кристијан Аслани и Давиде Фратеси, нов фудбалер на „нероаѕурите“ е Јан Аурел Бисек.
Се работи за централен бек кој има 22 години и е висок 1,96 метри, а доаѓа од редовите на Архус. Интер ќе плати 7 милиони евра за играчот кој ќе стави потпис на договор до 2028 година.
Бисек е дете на Келн, а во кариерата играл уште за Кил, Рода, Виторија Гимараеш, а од 2021 година е во Архус. Тој има настапи за младинските германски репрезентации (У17, У18 и У21).

ПретходноСелекторот ги терал да спијат со него ако сакаат да играат за репрезентацијата
СледноБуњамин Шабани – Струга ТЛ: Жалгирис е добар тим, сепак ние имаме квалитет да дојдеме до добар резултат!