Гроздановски е новото големо засилување за Работнички

751

23-годишниот Томче Гроздановски е новото големо засилување за Работнички во пресрет на новата сезона. Денеска тимот од Дебар Маало и официјално го потврди потписот на Гроздановски кој им се приклучува на „романтичарите“ откако му заврши договорот со словачкиот клуб, Злате Моравце.

Гроздановски е поранешен младински репрезентативец на Македонија кој има и еден настап за сениорскиот национален тим. Во изминатите сезони беше на „печалба“ во Злате Моравце, од каде една сезона како позајмен фудбалер настапуваше и во екипата на Дугопоље во Хрватска.

ПретходноСензација на Вимблдон: Свитолина ја запре првата светска тенисерка
СледноМакедонија со два пара ќе настапи на БП во одбојка на песок во Штип