Не знае за доста: Новак го „скрши“ Рубљов за пласман во полуфиналето на Вимблдон!

772

Новак Ѓоковиќ едноставно не знае за доста. Иако и денеска загуби сет, на дуелот од 1/4 финалето против Рубљов, сепак на крајот славеше со 3:1 во сетови и успеа да си обезбеди полуфинале на годинашниот Вимблдон. Таму го чека дуел со Синер.

Нема дилеми дека на Новак му се отвара патот до нова титула на најславниот тениски гренслем турнир во светот, тоа ќе му биде осма, или 24 гренслем вкупно во кариерата.

Победата над Рубљов за Нова беше 33 по ред на Вимблдон.

Интересно, првиот сет го доби Русинот со 6:4 во гемови, ама тоа само како да го разлути Србинот. Па потоа го почна својот танц па потоа ги доби сите три наредни сета, и тоа со 6:1, 6:4 и 6:3.

Просто го скрши Рубљов кој немаше ама баш никакви шанси да му се спротистави.

ПретходноФантастичен пресврт: Ивановски се врати од загубен меч и победи за место во осминафинале
СледноКапитенот останува во Градски парк: Велкоски уште една година во Работнички! (ФОТО)