Битолчани и натаму го засилуваат тимот за новата второлигашка сезона во која ќе се обидат да обезбедат место кое ќе ги врати во домашната елита.
Нов фудбалер на денешниот тренинг на Пелистер беше Борјан Пановски. Млад фудбалер кој доаѓа од Гостивар, а има настапувано за Работнички, Охрид и Тетекс.
Пановски игра по десната страна, како офанзивен бек или крило.
„Чест ми е да настапувам за ваков клуб како што е Пелистер и сметам дека заеднички ќе ја оствариме зацртаната цел а тоа е ПМФЛ“, вели Пановски на преставувањето.