„Пред три години сакав да се откажам од фудбалот, а сега сум во Бенфика!“

1134

Португалска Бенфика го комплетираше трансферот на чешкиот фудбалер Давид Јурасек. „Црвените“ од Лисабон платија 14 милиони евра на Славија Прага за услугите на левиот бек и во договорот до 2028 година му стави откупна клаузула од 80 милиони евра.

Јурасек кој има 22 години и кажа довидување на Славија Прага, а во интервју за веб-сајтот на Бенфика откри интересни детали околу својата кариера. Пред три години од Брно направил трансфер во второлигашки клуб и размислувал да се откаже од фудбалот и да почне да работи нешто сосема друго.
Во сезоната 2020/21 отидов да играм за Простејов (клуб од втората лига). Размислив дека нешто не е како што треба, место нагоре одам надоле. Почнав да размислувам да го оставам фудбалот и да почнам да барам алтернатива, да си побарам друга работа. На крајот се испадна убаво. Се уште не верувам дека ова се случи. Мојата фудбалска кариера некако се помрдна од место и среќен сум како се одвива. Трансферот во Бенфика не ме плаши. Се радувам што ќе играм за овој голем клуб. Пред три години бев на дното, сега сум горе. Се надевам дека ќе бидам успешен фудбалер“, изјави Јурасек.

Инаку Јурасек по една сезона во Протјесов, прави трансфер во Млада Болеслав каде што исто така се задржува една сезона. Сезоната 2022/23 ја игра во Славија Прага, а сега е во Бенфика. Тој има три настапи за Чешка.

ПретходноПАОК потпиша со фудбалер на Челзи
СледноНавивачи ја искршија оградата и влегоа на терен да се пресметаат со играчите (видео)