Тиквеш попладнево, на свој терен во Кавадарци, со 1:0 во пријателски натпревар успеа да слави над второлигашот Детонит. Стрелец на голот беше Невен Костадинов во 47.минута. Ова беше уште една можност за стратегот на кавадарчани Ѓоко Мојсов да им даде шанса на речиси сите свои играчи со цел да види до каде е нивната форма.
Следната контрола Тиквеш ќе ја има против Работнички на 14 јули во Скопје.