Шкупи преку Хегелман гледа кон Левски

255

Тимот на Шкупи претпладнево полета за Литванија, каде што во четврток со почеток од 19:00 часот го игра првиот интернационален меч сезонава. Гостува на Литванскиот тим Хегелман, малку познат фудбалски авторитет за нас.

Шкупи има за задача да одработи добар дуел, за да во реваншот во Скопје на 20. јули има лесна задача да го мине овој противник.

Потоа следува евентуалниот двомеч со тимот на Левски од Софија, секако далеку поатрактивен противник, а со тоа автоматски и дуел за нашиот претставник.

Шкупи замина без Сандеј

Еден од најдобрите играчи на Шкупи, Нигериецот Сандеј не е дел од експедицијата за Литванија. Тој со денови тренира надвор од екипата, поради несогласувања со управата.

 

ПретходноГостивар се засили со играч за врска од Нигерија
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА ОД 2023 ДОНИРАШЕ 36 МИЛИОНИ ДЕНАРИ