Шпетим Дуро: Им честитам на моите играчи, за нивниот карактер, ова беше добар меч за Струга ТЛ!

1273

Нашиот шампион има право да биде задоволен по својот деби – настап во квалификациите во Лигата на Шампионите. Одигра 0:0 на првиот меч во Вилнус и сега е пред пласман во следната фаза. Реваншот се игра во Охрид следниот вторник.

По мечот, своите импресии ги искажа стратегот на нашиот тим Шпетим Дуро:

Секако дека ова беше добар натпревар за нас. Ова беше наше деби во ЛШ и ние сме задоволни од резултатот. Презадоволен сум од настапот на мојот тим. Јас и пред овој меч кажав дека победникот ќе се решава по сите 180 минути, значи на реваншот во Охрид. Им честитам на моите играчи, покажаа карактер, им честитам за се она што го прикажаа денеска. Да, треба да кажам дека имавме неколку шанси и да го добиеме мечот. “ рече покрај другото стратегот на Струга ТЛ.

ПретходноСрамни сцени на Малта: Им викаа – Палестина, Палестина.., па дојде до тепачка и прекин на мечот Хамрун – Макаби! (ВИДЕО)
СледноРики Рубио потпиша за Барселона, но доаѓа следното лето