Го платија Роналдо 600 милиони евра а се брукаат за 460.000 евра!

5334

Навистина интересно, или навистина несватливо. Имено ФИФА го казни пребогатиот Ал Наср, клуб од С. Арабија за кого игра Кристијано Роналдо, а сега потпиша и со Марсело Брозовиќ, со забрана за правење трансфери во наредните три преодни рока.

Имено клубот од С.Арабија му должи на Лестер “смешни“ 460.000 евра зошто не му исплатил бонус на англискиот клуб поради Ахмед Муса.

Јасно е дека од забраната нема да има ништо зошто Ал Наср ќе ги плати тие пари, но зошто да се брукаш за смешна сума ако веќе еден Роналдо го плаќаш 600 милиони евра за три сезони.

Ова секако дека ќе фрли мала дамка на она што го работат клубовите во С. Арабија, а тоа е да привлечат што поголем број фудбалсјки ѕвезди во своите клубови.

ПретходноКаиседо признава: Не можам да му кажам не на Челзи
СледноНекогашниот репрезентативен стопер со трансфер во Хонг Конг!