ЕП У-20 Б – дивизија: Македонија се мачеше, но ја победи Ирска и стави печат на четвртфиналето

283

Македонија ја оствари првичната цел на ЕП за кошаркари до 20 години во Б- двизијата. Успеа да се пласира во четвртфиналето и тоа како прва во групата, откако вечерва во СРЦ “Кале“ успеа да ја победи Ирска со 77:66 во решавачкиот меч за четата на селекторот Василев.

Сепак не тргна баш најдобро за нашите момци, поточно почна лошо. Ирците во првата четвртина гаѓаа тројки и тоа успешно, Македонија беше немоќна и затоа тој период гостите го добија со 18:12. И така беше се до средината на втората четвртина, поточно до резултатот 27:24 за Ирска, кога нашите направи моќна серија, оваа четвртина ја добивме со 29:7. И тука веќе се знаеше кој ќе победи на овој меч, барем така помисливме.

И така беше некаде на 4 минути до крајот кога Македонија имаше несфатлив пад во играта, а Ирска со две тројки се приближи на – 9 поени, па и на -5 на 2.20 минути до крајот. Стана критично за Македонија.

Но крајот сепак победа со само 11 разлика.

Најефикасни во нашиот табор беа Симиќ со 17 и Хот со 15 поени.

Натпреварите од 1/4 финалето се закажани за во петок.

ПретходноАлкараз го “скрши“ Руне и си закажа полуфинале со Медведев!
СледноКалин се пласира во четвртфиналето на турнирот во Јаши